Питер Бојл e роден 1951, живее во Сиднеј. Неговата прва поетска збирка Доаѓање дома од светот (1994) е добитник на неколку награди за литература. Другите поетски збирки му се: Синиот облак на плачот (1997), Што сликарот ни виде на лицата (2001) и Музеј на просторот (2004). Неговата најнова книга Апокриф (2009) е опширна збирка на песни и други текстови од редица измислени автори. Бојл учествувал на фестивали во Париз, Меделин и Каракас, а неговите песни се објавени во списанија и антологии во САД, Обединетото Кралство, Сингапур, Кина, Франција и други земји. Тој, исто така, преведува поезија од француски и шпански јазик. Долги години има работено како професор на катедрата за техничко и вишо образование.