Роден во с. Волковија, Тетовско на 15. 10. 1939 година, електроинженер, поет, антологичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични централи. Бил претседател на Општинското собрание на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Дела: Третиот потег, Скопје, 1982; Слободен удар, Скопје, 1983; Четврта кордината, Скопје, 1987; Параболи, Скопје, 1989; Четврта координата, Београд, 1989; Невестински ковчег, Скопје, 1991; Минијатури, Скопје, 1996; Надвор од опитот, Скопје, 1996; Нешта над зборовите, Скопје, 1997; Чувари на калето, Скопје, 1998; Покров од зборови, Скопје, 1999; Не е се΄ хаику, Скопје, 1999 (хаику поезија); Наивности, Скопје, 2001 (песни во проза); Каприча за лира и гајде, Скопје, 2002; Антологија на македонската хаику поезија, Скопје, 2003; Сноп параболи, Скопје, 2004.