Роден е во Кавадарци, 5. 1. 1947 г. Поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот Вечер и директор и главен уредник на книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Уредник во весникот Македонија денес. Член на ДПМ. Бил претседател на Советот на СВП. Дела.: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината мапа (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија,1990), Терра Магица (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000), Црвен ветар (2001), Тешки облаци (2002), Зајазлен камен (2002), Скрб (записи, 2003), Мојата Итака (поезија, 2003), Еден гавран (раскази, 2002), Два гаврана (раскази 2002), Јато (повести, 2003), Црно јагне, див Балкан (роман, 2004). Автор е на неколку драми.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk