Роден во с. Слоештица, Демирхисарско, на 25. 6. 1934 година, а почина на 25. 9. 2006 година во Скопје. Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уредник во Македонската радио-телевизија. Бил член на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишува стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпрена врз фабулата туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се вели дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот Пиреј македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката Дениција ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината, и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца (Шарам барам и Касни порасни). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и на алузијата, на јазичната игра и носталгичната медитација. ДЕЛА: збирки поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999); збирки раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994); романи: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1997) и Тунел (2003); драми: Време за пеење, Богунемили (1984), Бежанци (2007, постхумно).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk