Филип Хамиал има објавено дваесет и седум стихозбирки. Неговата шеснаесета збирка, Во годината на децата на нашиот Лорд Слаутер/ In the Year of Our Lord Slaughter’s Children , влегува во потесниот избор за наградата “Кенет Слесор во 2004”, како и неговата четринаесетта збирка, Леб/ Bread, во 2001. Во 2010, неговата дваесет и прва збирка, Теорија на кожата/Skin Theory, влегува во потесен избор за наградата за книга со поезија “АЦТ”. Неговите песни се јавуваат во дваесет и пет поетски антологии (во пет земји) и во 117 дневници во тринаесет земји.

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Филип Хамиал” style=”fancy”]
Филип Хамиал има објавено дваесет и седум стихозбирки. Неговата шеснаесета збирка, Во годината на децата на нашиот Лорд Слаутер/ In the Year of Our Lord Slaughter’s Children , влегува во потесниот избор за наградата “Кенет Слесор” во 2004, како и неговата четринаесетта збирка, Леб/ Bread, во 2001. Во 2010, неговата дваесет и прва збирка, Теорија на кожата/Skin Theory, влегува во потесен избор за наградата за книга со поезија “АЦТ”. Во 2004 Хамиал е награден со грант за афирмиран писател од страна на Одборот на Литература при Австралијанскиот Совет. Ја претставува Австралија на единаесет интернационални фестивали за поезија: Поетри Африка 2000, Дурбан, СА; Франко-Англиски фестивал за поезија, Париз, 2000 & 2015; Светски фестивал за поети, Токио; Интернационален фестивал на поезијата, Троис Ревиерес, Канада, 2004; Микро-Фестивал, Прага, 2009 & 2015; 22-от интернационален фестивал на поезијата во Меделин, Колумбија, 2012; Х интернационален фестивал за поезија, Гранада, Никарагва во 2014 & Вал де марне интернационален фестивал за поезија во 2015. Во 2006 ја уредува Антологијата на Австралијанската поезија на Француски – 25 poetes australiens – и е објавена од Екритс де Форгес ин Троис Ривиерес, Квебек/ Ecrits des Forges in Trois Rivieres, Quebec и Ла Темпс де Керисес/ Le Temps des Cerises во Париз. Во 2009/10, шест месеци е Австралијански резидент писател во Ците Интернатионал де Артс/ Cité International des Artes во Париз. Исто така тој е и скулптор. Има триесет и една соло изложба и учествува во над седумдесет групни изложби, вклучувајќи две во Париз. Како директор на Австралијанските собирачи на надворешни уметности (Art Brut), организator e на дваесет и шест изложби во пет земји.[/su_spoiler]
[/su_accordion]