Пиа Тафдруп е родена во Копенхаген во 1952 година. Таа е данска поетеса и писател и член на Данската академија и Eвропската академија на поезија. Помеѓу неколку други ја добила и наградата за литература на Нордискиот совет во 1999 и Нордиската награда во 2006 од Шведската академија. Пиа Тафрдуп објавила 15 збирки поезија, вклучувајќи ги „Пролетна плима“, „Капијата на кралицата“, “Компасот на птицата селица“ и „Водоземно сонце“ 2012. Таа исто така објавила елаборат за својата поетика,„Одење над водата“, две драми и два романи. Нејзините песни се преведени на повеќе од 30 јазици во книги, антологии и списанија.