Родена во Зимбабве, на 20 февруари 1982, Примроуз Ѕенга е креативен автор и поет. Првата книга „Неопеаната Хероина – Оксилија Чимузоро“, е објавена во Зимбабве од Здружението на писателките на Зимбабве ( јуни 2009 ). Објавува во поетски списанија, и на интернет страната на американската амбасада во Хараре. Читала поезија на неколку меѓународни фестивали.