Радмила Лазиќ – родена во Крушевац, 1949, живее во Белград, Србија. Има објавено неколку збирки поезија: Тоа е тоа, Вистинската состојба на работите, Кастинг, Ноќни разговори, Историја на меланхолијата, Приказни и други песни, Од анамнеза, Дороти Паркер блуз, Срце меѓу забите, Бакни или убиј, Зимски студ, Магнолиите цветаат, и Црна книга. Книжевни награди: „Милан Ракиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Десанка Максимовиќ“, „Владислав Петковиќ Дис“, „Васко Попа“, „Ефимиски вез“, „Исток-Запад“ и „Лаза Костиќ“. Таа е основачка и уредничка на женското книжевно списание Профемина. Феминистка и активистка против војни. Член на српскиот ПЕН центар.