Роден е во Ниш, Р. Србија, 23. 11. 1937 година – поет, публицист, патописец и колумнист. Живеел и творел долги години во Загреб, Хрватска (1964- 1982), во Белград, Србија (1982-1985), а од 1985 година живее и твори во Скопје. Дела: поезија: Суша, свадба и селидби (1961), Корабија (1964), Високо пладне (1966), Боемија на природата (1969), Низ проѕирката на мечот (1971), Сонце за кое змијата не знае (1972), Пир (1973), Зрна (1975), Молњи (1978), Стражи (1980), Чума (1984), Клучеви (1986), Марена (1986), Јавач на звукот (1995), Штит (2001), На едно око (2002), Океан во капка (2008), Јас сум време (2009), манифестот Епското на гласање (1960 со Богомил Ѓузел), Манифест на Пoeтcкa Република
Железна Река (1990); Отклучување на патиштата (патопис, 1986). Неговите песни се преведени и објавени на повеќе од 50 јазици и се вклучени во разни антологии на модерната македонска, европска и светска поезија.