Рајмонда Мојсиу е родена во 1957 година во Корча, Албанија. Студирала англиска лингвистика и литература на Универзитетот во Тирана. По завршувањето на студиите, 19 години работела како наставник по англиски јазик, сè до емигрирањето во САД. Има објавено збирки поезија, раскази, есеи и роман и е коавтор на три поетски антологии. Исто така, работи како репортер за неколку албански весници во САД. Живее и работи во Хартфорд, Конектикат, САД, како наставник во основно образование. Работи на својата следна книга поезија, како и на книга проза.