Рајко Лукач е роден во 1952 во Меѓеѓи, Босанска Дубица. Се образовал во Меѓеѓи, Старо Петрово Село и Босанска Дубица. После првата година студии на Филозофскиот Факултет во Задар, ги продолжил студиите на Филолошкиот Факултет во Белград, каде дипломирал српско-хрватски јазик и јужнословенска книжевност. Има голем број стихозбирки, првата објавена во 1977, како и колекција избрани песни, неколку романи и книги со раскази, како и една драма, објавена во 2011. Во 2002 тој уредил Антологија на кратки приказни на српски писатели. Живее во Белград.