Ранко Радовиќ e роден во 1952, во селото Брезе, блиску до Бјело Полје. Тој има издадено многу книги поезија на многу јазици, покрај неговиот мајчин јазик има и на македонски, англиски, шпански и руски, првата во 1984, а последната во 2012. Поезијата на Ранко Радовиќ е вклучена во бројни антологии и збирки поезија и во неговата родна држава и во странство. Многу од неговите дела се преведени на неколку јазици. Живее во Торонто, Канада.