Рен Пауел е поетеса, преведувачка, драматург, театарски продуцент и уметник ментор. Родена е во Калифорнија, а населена на западниот брег на Норвешка. Рен е член на Здружението на норвешките автори и има објавено шест збирки поезија и повеќе од дваесетина книги преводи, преку класични издавачки куќи. Нејзината шеста стихозбирка, The Elephants Have Been Singing All Along, е објавена во 2017 година. Нејзините песни се преведени и објавени на шест јазици.