Ренато Баретиќ (1963, Загреб). Новинар по професија; компаратист и фонетичар – според она што студирал; поет, прозаист и колумнист – според она што го објавил. Ги објавил поетските книги „Зборови од џебовите“ (1998) и „Кому ќе му праќаме разгледници“ (2005), збирката ТВ колумни „Кадри на кадарот“ и романите: „Осмиот повереник“ (2003, подоцна објавен и кај нас, на македонски), „Раскажувај ми за неа“ (2006) и „Хотелот Гранд“ (2008). „Осмиот повереник“ ги доби сите најважни книжевни награди во Хрватска.