Ричард Беренгартен (претходно познат како Ричард Брнс) е роден во Лондон во 1943 во фамилија на музичари. Во 1975, го основал прочуениот Iнтернационален поетски фестивал Кембриџ. За прв пат по раните 1980ти, оваа година се враќа на Струшките вечери на поезијата, каде втората книга во неговата Балканска Трилогија, циклус на лирска и драматична поезија базирана на Балканските обичаи за предизвикување дожд, се прикажува на програмот „Поезија и Ритуал“. Ричард Беренгартен има објавено повеќе од дваесет книги, вклучувајќи „Црна светлина: Песни во сеќавање на Џорџ Сеферис“,„ Менаџерот“,„ Книга без задна корица“,„ За живите“,„Сината пеперутка“, „Под балканско светло“ и, неодамна, преводи на Катица Кулавкова и Тин Ујевич.

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Ричард Беренгартен” style=”fancy”]

Ричард Беренгартен (претходно познат како Ричард Брнс) е роден во Лондон во 1943 во фамилија на музичари. Во 1975, го основал прочуениот Iнтернационален поетски фестивал Кембриџ. За прв пат по раните 1980ти, оваа година се враќа на Струшките вечери на поезијата, каде втората книга во неговата Балканска Трилогија, циклус на лирска и драматична поезија базирана на Балканските обичаи за предизвикување дожд, се прикажува на програмот „Поезија и Ритуал“. Ричард Беренгартен има објавено повеќе од дваесет книги, вклучувајќи „Црна светлина: Песни во сеќавање на Џорџ Сеферис“,„ Менаџерот“,„ Книга без задна корица“,„ За живите“,„Сината пеперутка“, „Под балканско светло“ и, неодамна, преводи на Катица Кулавкова и Тин Ујевич.

Добитник е на многу награди, вклучувајќи ги наградата Ерик Грегори, наградата Keats Memorial, наградата Данкан Лори, наградата на Јејстовиот клуб и наградата Манада. Неговата книга Сината пеперутка за Veliki školski čas обезбедила спомен-ораториум за жртвите на нацистичкиот масакар во Крагуевац, Србија, и тој е почесен граѓанин на Крагуевац. Како поет, Ричард Беренгартен е посветен интернационалист. Неговиот “Volta Project” вклучува преводи на еден од неговите песни на повеќе од 90 јазици. Живее со неговата сопруга д-р Мелани Реин, аналитички психолог, во Кембриџ, каде предава на Универзитетот во Кембриџ.

[/su_spoiler]
[/su_accordion]