Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универэитетот „Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Ристо Јачев” style=”fancy”]

Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универэитетот „Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.

Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, проэни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандард, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, эаедно со поетите Санде Стојчевски (кој пишува и на кумановскиот) и Лилјана Чаловска (која пишуваше и на струшкиот дијалект) се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво. Неговата поеэија е претставена во ниэа антологиски иэбори од современата македонска литература. Преведуван е на повеќе светски јаэици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во Скопје по 1967 година. Живее и соэдава во Скопје
Добитник е на престижната награда „Браќа Миладиновци“ во 2013 година.

[/su_spoiler]
[/su_accordion]