Роден во 1943 во с.Наколец, Преспа, Македонија – член на Македонската академија на науки и уметности, поет, есеист, литературен критичар, писател за деца, антологичар, преведувач и издавач, – пишува на македонски и на српски јазик. Досега на овие два јазикa објавил: дваесет и две поетски книги, две книги философеми, паракопи и цртички, две книги поезија за деца, два романа за деца во стихови, како и 23 избори од поезијата.

Василевски е добитник на повеќе од триесет значајни домашни и меѓународни награди, тој е член и на Словенската академија на литератури и уметности, на Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти, на Друштвото на писатели на Македонија, на Здружението на писатели на Србија и на Здружението на литературни преведувачи на Србија.