Роса Алис Бранко е поетеса, есеистка и преведувачка. Таа е доктор на науки по филозофија и професор по теорија на перцепцијата. Има издадено осум книги поезија, вклучувајќи и одбрани песни: Спелување на денот (2004). Книги со нејзина поезија се објавени во Шпанија, Тунис, Швајцарија, Франција, Бразил, франкофонска Канада, Луксембург и Венецуела. Нејзината поезија е застапена во антологии објавени во многу земји, меѓу кои Русија, Летонија, Унгарија, Македонија, Германија, Корзика и Соединетите Држави. Таа организира и учествува во меѓународни поетски фестивали низ светот. Во својата родна земја, таа е активна организаторка на литературни настани и фестивали во северните португалски градови Авеиро и Порто. Нејзината најнова книга поезија, издадена во Португалија, е насловена Светот не завршува со студенилото на твоите коски (2009).