Рукмини Баја Наир докторирала на Универзитетот Кембриџ во 1982 година, а се здобила и со втора диплома honoris causa во 2006 година од Универзитетот во Антверпен за нејзината работа во лингвистиката, когнитивната, наративната и книжевната теорија. Била визитинг професор на Универзитетот Станфорд и Универзитетот Вашингтон во Сиетл, како и Fellow во Центарот за истражување во уметноста, хуманистичките и социјалните науки на Кембриџ. Во моментов е шеф на Катедрата за хуманистички и социјални науки и професор по лингвистика и англиски на IIT Делхи. Пишува за сите поголеми национални дневни весници и списанија, член е на уредувачките одбори на неколку академски журнали. Делата на Наир, и креативните и критичките, се дел од програмите на универзитетите во Чикаго, Делхи, Отворениот универзитет во Велика Британија и во Торонто; одржала предавања и поетски читања на повеќе од дваесет странски универзитети и има добиено награди за својата поезија. Работи на својата четврта книга поезија.