Саинџаргал Начин е роден на 1 февруари 1991 во Улан Батор, Монголија. Поет, новинар и еден од лидерите на новата генерација монголски поети. Дипломирал во 2012 година на Факултетот за општествени науки на монголскиот национален универзитет во Улан Батор, Монголија. Член на Здружението на монголски писатели, работи како извршен член на Советот за верификација во Здружението на монголски писатели. Ја добил титулата „Најдобар поет за љубовна поезија“ на 13от фестивал по име „Бела планина“ на 7 октомври 2010 година. Добитник на годишната поетска награда “BOLOR TSOM“ („Кристален пехар“ за најдобар млад поет во 2013 година). Ги објавил следните поетски книги: Звукот на скршеното срце во 2010, Нов мирис во 2012, Хармонија на умот на 10 декември 2013, и Инспирација на 16 декември 2016 година.