САМИРА НЕГРУШ е алжирска поетеса и авторка со француски израз, живее во Алжир. Лекар по образование, таа е ангажирана во поетските и литерарни настани. Авторка е на повеќе поетски збирки меѓу кои: Во сенката на Гренада, 2003; Ирисна, 2005 и Тајниот кабинет, уметничка книга (заедно со Ена Бургос), 2007. Таа е преведувачка на арапска поезија и има направено разни интердисциплинарни обиди со театарот, видеото, фотографијата и ликовната уметност. Последното читање / спектакл „без претпазливост“ го претстави со грчката пејачка Ангелика Јонатос во музеј во Лион, во октомври 2009 година. Последната публикација Џез на маслиниците (со 9 дела на Ив Олри) е во издание на „Тел“ од Алжир; наскоро ќе се појави Инстанца /Поаѓање во издание на „Премин на Ветрот“ и Последниот Диаболо во издание на „Звездени орлови нокти“ во Франција.