Роден е во с. Студена Бара, Куманово, на 16. 9. 1948 г. Поет, есеист, литературен критичар, преведувач. Бил новинар, а потоа уредник на Образовната редакција на Радио Скопје, главен уредник и директор на Книгоиздателството Македонска книга, главен уредник на прилепското списание Стремеж и на поновото скопско гласило АКТ. Коавтор е на петтомната едиција Македонската книжевност во книжевната критика (1973). Како поет настојува да ги соедини архаичните (дијалектните) и модерните изразни модели и тоа од првообјавената збирка Кралот на лебедите (1972) до последната Сипкава преѓа е свет (2003). Неговата поезија се реализира низ примената на трите принципи: принципот на архаичноста, принципот на интерполацијата и принципот текст – тест.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk