Сана Хартнор e родена во 1986 година, а живее и работи во Малме.

Освен што е поет, таа работи и на музички и сценски изведби.

Нејзиното деби Hamnen („Пристаништето“) е трагично и хумористично, современо отсликување на новоизградена ексклузивна населба крај морето. Оваа книга зборува за гентрификацијата, за Скандинавија, архитектурата, мов-графитите, за класите, за материјалите што нема да бидат припитомени, за древното море и неговите мрачни длабочини.

Во 2015 година Hamnen беше номинирана за наградата Katapult, која Здружението на шведските писатели ја доделува за најдобро дебитантско дело на годината, а во 2017 година Сана Хартнор ја доби наградата Mare Kandre.

Песни: