Вонбрачен син на генерал лекар (1903-1985) и маркизата Џузепина Камарди Полици (1916-1966), Себастиано Грасо е роден во Сицилија 1947 година. Завршил класични студии во колеџот Сан Микеле ди Ачиреале раководен од Филипинските Свештеници. Неговата прва песна се појавува во „In Aevum“ (списание на колеџот) во 1960 година. Во 1963 почнува да соработува во страницата за литература на дневниот весник „Corriere di Sicilia“ од Катанија. По една година излегува првата збирка стихови. Во 1968 , студент на Универзитетот посетува предавања по новинарство на Универзитетот во Навара Вишата Школа на Опус Деи во Памплона.
Во 1970 година, за издавачот Џанота од Катанија, ја уредува рубриката странски литератури „Il Mondo“. Тоа е период кога се посветува на преводи од француски јазик (Аполинер, Бодлер, Сенгор, Валери, Сандрар) и од шпански јазик (Мачадо, Хименес, Неруда).
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Себастиано Грасо” style=”fancy”]
Во 1971 година, заедно со Антонио Корсаро и Ана ди Стефано, го основаат двогодишното списание (Литературни прашања) што го раководи и од кое излегуваат пет броја. Од јуни 1971 година соработува во (Corriere della Sera),Каде што е примен од Џовани Спадолини по препорака на Франко ди Бела. Моментално е специјален застапник и одговорен уредник за Уметност на дневниот милански весник. Во 1976 година излегува свита од стихови „Nuovi Argomenti“, тримесечник раководен од Атилио Бертолучи,АлбертоМоравиа иЕнцоСичилиано; во 1977 година други песни во „La fiera letteraria“ и во „Osservatore politico lette – rario“. Од 1980 до 1983 гонина е одговорен уредник на рубриката за уметност „Domenica delCorriere“ и од 1984 до 1985 година на неделникот „Oggi“. Од март 2007 година е претседател на Италијанскиот Пен Клуб. Објавил дваесетина книги и добил неколку награди (Калабрија за странската литература, во 1977; Кастиљоне од Сицилија, за литература, во 1981; Ада Негри за необјавени, во 1985; Сервантес за превод од шпански, во 2003; Камајоре, во 2007 година; Нино Мартољо, во 2008. Наградата Метауро nel 2009). Од поезија во целосни книги се излезени: (Далечни хоризонти) 1964; (Плакети) (1968) предговор од Карло Бо; (Поезии вон сезона), (1970). Вовед од Диего Валери, а на насловната страницата со слика од Рафаел Алберти; (Играта на сеќавањето ) (1973, предговор од Марио Луци и цртежот од Рафаел Алберти, Доменико Кантаторе, Ибрахим Корда, Џузепе Мињеко и Алиги Сасу), преведена во Шпанија во библиотеката „Adonais“ гравури од Федерица Гали), (Бројот на победникот) (Сезоната на Кловнот), (1978), (предговор od Рикардо Бабели: влегува во потесниот избор за наградата Viareggio, Награден е во Биела и победува на Чепо-Пистоја); (Поетот и фантазмата ) (1980, предговор од Карло Бо, и цртежи од Флориано Бодини). Следува пото дваесетгодишен молк. Мал број песни придружуваат некои книги за уметност, како Каде мигрираже првиот ветар),1980; бакрорези од Филипо Алто и предговор од Рафаеле Де Града); (По врвиците на зајаците) (1989 со гравура од Федерика Гали. (Бројот на Победникот¸ 1997 (бакрорези) Пиеро Дорацио, Џанфранко Ферони, Зоран Мусиќ, Мимо Паладино и Џо Помодоро. Потоа во 2000 година излегуваат, (Твојата црна срамница, ќе и` се потсмее на смртта ) (критички есеј од Карло Бо и цртежи од Ренцо Веспињани); во 2002 година (Врз брегот на Венера ) (предговор од Марио Луци и цртежи од Мимо Паладино; во 2004 година (Молитвата на една девица), критички есеј од Ермано Крум и цртежи од Георг Базелиц; во 2006, (Талкот под балерините ) (критички есеј од Ецио Раимонди и цртежи од Фернандо Ботеро, НиколаДе Мариа, Мима Паладино, Армандо Помодоро и Валтер Валентини; Меѓународна награда Леричи Пеа, заедно со Лавренс Ферлингети, за кариера); во 2007 година (Пепелта им благодари на жарта и на искрата ) (збирка на четирите претходни книги, со предговор од Алберто Бевилаква, цртежи од Мимо Паладино и како додаток критичките есеи на Бо,Луци, Круми Раимонди). Во 2007 исто така, во Шпанија е издадена и збирката (Талкот под балерините) , со предговор од Хозе Самараго; Антологиите (Синфонија за Јулијана), со цртежи од Бенгт Линдстром, во Шведска; (Писмо од Нови Звиат), со предговор од Ото Крауси цртежи од Базелитц; трета антологија во Полска; (Нимфата во фармерки), во 2008, во Русија се појавува со предговор од Евгениј Евтушенко. Во 2008 исто така излегуваат (Под бисерната кошула ) во елегантно издание на Агостино Боналуми и (Времето отчукува) скулптурно издание од Арналдо Помодоро). Покрај другото го уредува Teatro breve на Федерик Гарсиа Лорка (1970, сведоштво на Рафаел Алберти и цртежи на Кореадо Каљи; (Враќања од далечното живо) од Рафаел Алберти (1976), (Мечеви како усни) бакрорези од Кристина Изолери; Монтале , Писма до Квазимодо (1981, Пролог од Марија Корти); (Госпоѓата Розита стара девојка ) од Федерико Гарсиа Лорка (1987, текстови од Рафаел Алберти и Карло Бо); (Глетки на Рим) од Гиван Баттиста Пиранези (1991); (Цигански балади ) од Федерико Гарсија Лорка (1993, со текстови од Рафаел Алберти и Карло Бо и цртежи од Џузепе Мињеко Чаша од оникс 2001, со Стела Ку Пан, гравури од Хсиао Чин); (Забранети уживања) од Луис Чернуда, (2002 , со Маргерита Алвера); (Песни за Алтер и други поезии од Рафаел Алберти , (2002); (Судбината Шпанија) . (Културна хроника преку Кориере дела сера (2004, со Марина Котели; текстови од Феручо де Бартоли и Стефано Фоли; (Бетовен пред телевизор) од Хозе Хиеро (2006, со Марија Кристина Блес ди Браганца).[/su_spoiler]
[/su_accordion]