Сергеј Глaвјук е поет и преведувач роден во 1958 година во Дрезден, Германија. ОД 1960 година живее во Русија. Дипломирал на Институтот за литература „Максим Горки“ во Москва. Работел како уредник и како главен уредник во повеќе издавачки куќи. Член е на Руското друштво на писатели и е почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. На руски јазик има преведено дел од делата на Константин Миладинов, Глигор Прличев, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Раде Силјан, Јован Стрезовски и други. Добитник е на наградата на Друштвото на преведувачи на Македонија (1997 година) и наградата за најдобра песна на Струшките вечери на поезијата во 1999 година.