Шимон Адаф е роден во Сдерот, Израел во 1972 година од родители со мароканско потекло. Има објавено три збирки поезија и девет романи. Неговата трета поетска збирка Авива-не е добитник на поетската награда „Јехуда Амихај“ во 2010 година, а неговиот роман Мокс Нокс е добитник на наградата „Сапир“ (израелскиот еквивалент на наградата „Букер“) во 2011 година. Живее во Рамат Ган и предава креативно пишување и книжевност на Универзитетот Бен Гурион.