Сигал Бен-Јаир е израелска поетеса родена во 1970. Нејзината прва книга Непреработено/Not Refined била објавена во 2011, од Helicon, Pegasus Series. Нејзините песни биле објавени во следните книжевни списанија: “MITAAM, “ Helicon “,” Journal 77”, “Ktovet” и биле застапени во повеќе антологии во превод на француски, шпански, англиски и арапски. Добитник е на наградата за поезија „Тева“ на поетскиот фестивал Метула во 2011, а исто така добитник е и на наградата за книжевност „Рамат Ган“ во 2013. Во 2014 ја добила наградата за поезија од Министерството за култура и спорт. Нејзината втора книга Без доказ/Hakibbutz Hameuchad – Sifriat Poalim Publishing Group била објавена во септември 2014 година.