Сим Кера е роден 1989 година во мало гратче во јужниот дел на Естонија, Вастселина. Живее и студира во Тарту. Неговата прва книга е објавена во 2009 год. Во неа тој пишува за љубовта и смртта, како и за сè онашто тој го смета за интересно. Има објавувано поезија и кратки раскази во најразлични списанија и весници. Сим Кера пишува и музички осврти за едно од најпознатите списанија во Естонија. Слободно може да се заклучи дека Сим Кера го сака пишувањето.