Славица Гаџова (1984, Битола, Република Македонија), поет, истражувач, есеист, полиглот, космополит и патник. Магистер на филолошки науки и докторанд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и надворешен соработник на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Република Словачка. Се занимава со истражување на односите меѓу книжевноста и дискурсите на моќта, репрезентациите на политичкото насилство во книжевноста, односите моќ-знаење-вистина во рамки на прозата, како и интермедијалните релации меѓу романот и филмот. Објавила над 30 книжевни студии, есеи, критики и осврти во периодиката во земјава и странство.
Биографија
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Славица Гаџова” style=”fancy”]
Славица Гаџова (1984, Битола, Република Македонија), поет, истражувач, есеист, полиглот, космополит и патник. Магистер на филолошки науки и докторанд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и надворешен соработник на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Република Словачка. Се занимава со истражување на односите меѓу книжевноста и дискурсите на моќта, репрезентациите на политичкото насилство во книжевноста, односите моќ-знаење-вистина во рамки на прозата, како и интермедијалните релации меѓу романот и филмот. Објавила над 30 книжевни студии, есеи, критики и осврти во периодиката во земјава и странство.
Пишува поезија и кратки раскази и добитничка е на неколку домашни награди (меѓу кои, награда за краток расказ на „Нова Македонија“, награди за есеи Блаже Конески на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и на списанието „Корени“ од Куманово). Учествувала на Струшките вечери на поезијата (2008, 2010 и 2012), фестивалот за алтернативна уметност Фрик (2010) и Светското поетско движење (2011). На Струшките вечери на поезијата во 2012 година, ја добива нововостановената награда Енхалон, за најдобра песна од млад македонски автор, за песната „Писмо дванаесетто“, од поетската книга Писма, (2012) година, во издание на ПНВ Публикации. Во издание на Сигмапрес – Скопје во 2013 година излезе нејзината научна студија „Книжевноста и дискурсите на моќта.“ Славица Гаџова зборува осум јазици и соработува и со неколку издавачки куќи како книжевен преведувач.
[/su_spoiler]
[/su_accordion]