Роден е во Карловац на 16. 3. 1928 година, а починал на 5. 2. 2007 г. Најистакната поетска личност во современата хрватска поезија, која со богат поетски речник, со нова метафорика и со уверливи зборови говори за непосредните проблеми на секојдневјето. Искрен е и уверлив кога пее за личните и за социјалните мотиви, исто како и кога третира сложени филозофски теми. Дела: Камерна музика, 1954; Пат во непостоење, 1956; Дарежливо прогонство, 1959; Годишно време, 1961; Последната вечера, 1969; Тивки клади, 1985; Кадифена жена, 1993; Акордеон, 2000.