Роден во централен Иран, Сохраб Рахими живее во Шведска од 1986 година. Објавува песни во шведски списанија од 1989 год. и придонесува во развојот на весниците на иранската дијаспора. Бил уредник на Персиското списание „Асар“ објавувано помеѓу 1996 и 1998 год. Тој пишува и на шведски јазик и има објавено поезија, критика и есеи во шведски списанија. Член е на Здружанието на писатели на Шведска, Шведскиот ПЕН центар и Центарот за книжевен превод. Исто така тој е канет како предавач во колеџи и универзитети.