Соната Палиулуте, дипломиран студент на Литванската Академијата за музика и театар, живее во Вилнус како поет, глумец и хонорарен преведувач. Нејзините песни и преводи (од англиски на литвански) се појавуваат во разни книжевни списанија и антологии. Во 2005 година таа добива престижна “Youth Jotvingis” награда за својата прва збирка “П.С” како и за двојазичниот превод за поетската колекција на Мeна Елфунс, “Скриениот бакнеж”. Таа неодамна ја превела книгата- “Избор поезија на Емили Дикинсон”, и е во фаза на завршувањето на својата втора збирка поезија. Нејзините песни се преведени и објавени во разни списанија на албански, кинески, чешки, англиски, хебрејски, јапонски, полски, португалски, романски, словенечки, шведски и турски јазик.