Стефан Јурковски е роден на 30ти јануари 1948 година во Тарновски Гори. Прв пат бил објавен во 1967 во “Directions”.
Објавил десет книги поезија помеѓу кои: „Вибрации“ (1969),„ Сред лето“ (1975), „Еквилибриум“ ( 1980), „Генеза“ ( 1994).
Книгата поезија „Секој ден игралиште“ била номинирана за наградата Камил Норвид.
Ја добил наградата за млади „Włodzimierz Pietrzak“ за збирката „Сред лето“.
Неговите песни можат да се најдат во многу алманаси поезија и антологии. Тој е исто така и уредник за литература и колумнист.