Стефанос Стефанидес е роден на Кипар во 1949 година. Како поет, критичар, етнограф и преведувач има посебен интерес за дислокација, секавање и заборавање. Зборува грчки, шпански, португалски но неговиот доминантен јазик е англиски. Делови од неговата поезија се преведени на повеќе од 10 јазици. Има добиено многу награди и учествувал во жирија за литературни награди вклучувајќи ја Комонвелт наградата за писатели (Европа и Јужна Азија) во 2000 и 2010 година. Професор е по компаративна литература на Универзитетот на Кипар.