Стеван Тонтиќ е роден во Сански Мост во 1946. Завршил студии по филозофија со социологија во Сараево. Поминал многу години во прогонство во Германија, од 1993 до 2001. Тој е поет, прозаист, есеист и преведувач од германски. Тој има голем број поетски книги, две книги есеи, роман и антологија. Неговите книги се преведени на многу јазици и е наградуван со многу исклучителни награди во Босна и Србија, како и од Баварската Академија за фини уметности во Германија и наградата “Литература во прогонство” на градот Хајделберг. Живее во Сараево.