Стивен Џ. Фаулер е поет, писател и уметник. Има објавено седум збирки поезија, над
десет други уметничко-поетски книги и колаборативни поетски збирки. Бил ангажиран
од Тејт модерн, ББЦ Радио 3, Тејт Британија, Лондон синфониета, Велкам колекшан
и Ливерпул биениал. Бил на листата за наградата „Форвард“, а од Британскиот совет
бил испратен во Перу, Бангладеш, Ирак, Аргентина, Грузија и други земји. Номиниран
за наградата „Вајт ривју“ за белетристика во 2014 година, а добитник е на награди од
„Уметничкиот совет на Англија“, фондацијата „Џервуд черитабл“, „Креативна Шкотска“
и „Уметнички совет на Ирска“. Преведен е на 27 јазици а соработувал со над 90 уметници.
Тој е основач и куратор на „Енемис проект“ и „Поем брут“, и уредник на списанието 3 ам,
како и извршен уредник на The European Review of Poetry, Books
and Culture (Versopolis).
Тој предава креативно пишување на Универзитетот Кингстон, а предава и на Тејт модерн
галеријата, Школото за поезија, и Фотографската галерија, а исто така, тој е директор
на Писателскиот центар Кингстон и Европскиот поетски фестивал во Обединетото
Кралство.