Суџата Бхат е родена во Индија а моментално живее во Германија. Има објавено девет збирки поезија со Карканет Издавачка куќа, и има преведувано поезија од Гујарати и Германски на Англиски јазик. Добитник е на бројни награди, вклучуваќи ја и наградата за поезија на комонвелтот, нејзината работа се антологизира и објавува на радио и телевизија а е преведена на повеќе од дваесет јазици. Во 2014 година добитник е на првата Интернационална награда за поезија на Мексико, премиоИнтернационалде Поезија Нуево Сигло де оро 1914-2014.

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Суџата Бхат” style=”fancy”]
Суџата Бхат е родена во Ахмедабад, Индија. Израснала во Индија а во САД. Се здобива со диплома и титула магистер по уметност од работилницата на писателите во Универзитетот на Ајова. До денес, има објавено девет стихозбирки преку Карканет издавачка куќа. Добитник е и на наградата на Комонвелтот за поезија (Азија) и Алис Хунт Бартлет наградата за нејзината прва збирка Брунизем(1988). Збирки кои следуваат се: Мајмунски сенки/ Monkey Shadows (“PBS”награда) Recommendation, 1991), Смрдливата роза/ The Stinking Rose (во потесен избор за “Forward” наградата за поезија, 1995), Смислата нема смисла: одбрани песни/ Point No Point: Selected Poems (1997), Аугатора/ Augatora (предложена за PBS , 2000), Боја на самотијата/ A Colour for Solitude (2002), Чист гуштер/Pure Lizard (потесен избор за нагарадата за поезија “Forward”, 2008), Одбрани песни/ Collected Poems (специјално предложена за наградата “PBS” , 2013), Афион во преводот/ Poppies in Translation (предложена за наградата “PBS”, 2015). Добитник е на наградата “Чоломонделеј/ Cholmondeley” во 1991, италијанската награда за поезија”Трати/Trаtti”во 2000, и германската книжевна награда “Даснеубуч/ Das neueBuch” во 2008. Во 2014 станува првиот добитник на интернационалната награда за поезија од Мексико, “Premio Internacional de Poesía Nuevo Siglo de Oro 1914–2014”. Преведувала поезија од гујарати и германски на англиски. Била Ланздовн/ Lansdowne визитинг писател на Универзититот во Викторија, Британска Колумбија, визитинг стипендист на Дикинсон Колеџот во Пенсилванија а последно била поет-резидент на поетската архива во Лондон и Heinrich Böll Cottage на островот Ахил, Ирска. Нејзините дела се антологизирани и емитувани на радио и телевизија и се преведени на повеќе од дваесет јазици. Денес, живее во Германија со нејзиното семејство. [/su_spoiler]
[/su_accordion]