Родена е во Ресен на 27. 2. 1941 г. Поет, прозаист, писател за деца и есеист. По основното училиште во Охрид и Учителската школа во Битола, дипломирала на Катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1967) и, по четиригодишната учителска дејност во охридските села, работи како педагог на Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје (1960- 1970), а потоа до пензионирањето како новинар во Образовната програма на Радио Скопје (1970-1995). Член е на ДПМ, негов секретар и претседател, претседател на Собранието на ДПМ и член на Македонскиот ПЕН центар. Иницијатор и прв главен и одговорен уредник на органот на ДПМ Стожер и идеен творец на поетската манифестација Празник на липите (1996). Соосновач и претседател на Меѓународната манифестација за уметничка и научна дејност Македонски духовни конаци (1999) и главен и одговорен уредник на нејзниот гласник Портал (од 2000). Учесник на повеќе поетски манифестации во земјата и во странство. Дела: поезија: Калесница (1970), Скришен ковчег (1974), Сињо (1980), Еа (1984), Зачатие (1990), Поетски устав (1992), Самечка ќелија (1993), С. Бесмртна (1996), Големата молитва (2000); поезија за деца: Алка за нишалка (1981); проза: Стровиште (1994); проза за деца и млади: Последната битка (1980), Македонска царица (1992), Гусларот (1993), Крста и монистрото (2003), Македонската царица и бисерот (2004); критичко-есеистичк книги: Кажано од троножец (2005), 111 прашања за Луан Старова (1908); избори: Душница (1993), Направи едно чудо (2008); антологии: Сонцето во македонската поезија (2003), Сто без една песна (2006), Александар Македонски во науката и свеста на потомците (2008).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk