Поетеса, уредничка и плодна преведувачка на хиспанската литература. Родена во Јафа, живеела во Буенос Аирес, Богота и во Њујорк, а во моментов живее во Тел Авив. Ницан објавила четири збирки поезија: „Доместика“ (2002), „Обична вечер“ (2006), „Café Soleil Bleu“ (2007), и „Првиот кој ќе заборави“ (2009). Нејзини песни се преведени на англиски, шпански, арапски, јапонски, португалски, летонски, литвански, романски и турски, а објавени во антологии на германски и француски. Како жестока активистка за мир, Ницан организирала неколку политичко-поетски настани. Добитник е на бројни награди, како за нејзината поезија, така и за преводите што ги направила.