Тања Бакиќ (родена 1981) е црногорска поетеса, истражувач и преведувач. Таа е автор на пет поетски објави, од кои првата ја објавила на 15 години и секој од нив изобилува со посебна критичка нота. Дипломирала англиска литература и магистрирала англиски јазик и литература. Приказите на рушењето на стереотипите во шеесетите години во популарната музика и темата на различностите и мистицизмот во делата на англиските поети (особено во делата на Вилијам Блејк) се двата основни столба во нејзината истражувачка работа. Таа моментално работи на книга која го опфаќа популализирањето на поезијата и уметноста на Вилијам Блејк, приредени од Мортон Д. Палеј (Берекелеј) и од Сибил Ерле (Универзитет Бишоп Гросет).

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Тања Бакиќ” style=”fancy”]

Оваа книга ќе биде издадена во Блумсбери и е дел од долготрајните серијали за популаризирање на британските и на ирските автори во Европа, приредени од Елинор Шафер (од Универзитетот во Лондон). Преводите на поезија на Бакиќ опфаќаат автори како Вилијам Блејк, В.Б.Јеатс, Ендру Марвел, Лорд Џорџ Гордон Бајрон, Т.С. Елиот, Хилда Дулитл, итн. Нејзиниот последен превод на проза ги вклучува Гладните камења и останатите приказни на Рабиндранат Тагоре. Најзината последна книга со есеи е насловена Вуду дете (Voodoo Child): приказна за Џими Хендрикс. Во април 2013, во Тирана, со група студенти – актери, од Албанската академија на уметности работеа претстава инспирирана од нејзините песни. Таа беше избрана од страна на меѓународото жири на критичари на уметноста да ја претставува Црна Гора на Биеналето на млади уметници (од 6ти јуни до 7ми јули 2013), во Анкона, со нејзиниот литературен проект: Студенти како професори: Нов наставен план.

[/su_spoiler]
[/su_accordion]