Тарек Елтајеб е роден од Судански родители во Каиро во 1959 година. Пишува од 1985 година и досега има објавено две новели, две збирки на кратки приказни, пет збирки на песни и една драма на арапски јазик. Неговите книги се објавени во превод на германски, англиски, италијански, француски, шпански, македонски, романски и српски јазик. Неговите песни се издадени на различни јазици во различни литературни антологии, списанија и журнали насекаде низ светот.