Татјана Данилијанц – поетеса, преведувач, филмски режисер, уметник. Два пати победила на интернационалниот фестивал Версо Либеро (1993, 1994 Москва), лауреат на поетската награда “Nosside” (Италија, 2008,2011). Автор на три поетски книги.
Татјана Данилијанц е учесник на бројни поетски фестивали во Русија и Европа вклучувајќи ги интернационалниот поетски фестивал во Геноа (2008), Поетското биенале во Москва (2007,2011), интернационалниот фестивал „Поезија во метро“, итн. Поезијата на Татјана Данилијанц е преведена на англиски, француски, италијански, полски, ерменски, српски, македонски, кинески и други јазици.