Татијана Житкова е поет, есеист, уредник, педагог, родена во Русија во 1951. Студирала на Педагошкиот Универзитет во Јарослав, на Факултетот за физика и математика. Работела како наставник по математика во училиште неколку години. Од 1981 живее во Рига, главниот град на Латвија. Учествувала во социјални активности, културни и уметнички проекти за деца и поетски читања. Таа има бројни публикации во инернационални колекции на проза и поезија. . Автор е на книгата “Космос во езеро”. Нејзината поезија е преведена на бугарски и англиски.
Награди: златен медал на фестивал во Франција во 2007, специјална награда во Бугарија, во Варна во 2011, лауреат на зонски натпревар на светски поетски маратон во 2005.