Роден во Јокшир, 17. 8. 1930, а починал на 28. 10. 1998 г. Англиски поет, бил оженет со популарната поетеса Силвија Плат која се самоубила. Заедно со Даниел Вајсборт во Лондон го уредувал книжевното списание Модерна поезија во превод во кое ги претставувале најпознатите модерни писатели на 20 в. Врз неговото творештво најсилно влијание има делото Птици, животни, цвеќиња од Д. Х. Лоренс. Фасциниран е од животните и ја изразува суштината на живите суштества. Автор е на поетските книги: Сокол на дожд (1957), Луперкалии (1960), Гавран (1970), Гаудете (1977), Пештерски птици (1978), Остатоци од Елмет (1979) и др.