Тереза Палацо Конти е родена во 1966 година во Буенос Аирес, каде што живее. Работи како професор. Објавила седум книги поезија, а е застапена во неколку поетски антологии. Нејзини песни се преведени на англиски, француски и германски. Учествувала на поетски фестивали, симпозиуми и средби, а наградена е и со неколку признанија за својата поезија. Член е на неколку книжевни организации во Латинска Америка, меѓу кои и на Друштвото на писатели на Аргентина.