Тугрул Танјол е роден во 1953 година. Студирал социологија на Универзитетот „Босфор“ и работел како вонреден професор на Универзитетот „Мармара“. Објавил седум книги поезија, меѓу кои најнови се „Сè е годишно време“ (2006) и „Избрани песни“ (2000-1971) (2008). Соработувал во издавањето на поетски ревии и списанија, работел како советник во издавачка куќа и бил во уредувачкиот одбор на неколку ревии, и учествувал на неколку поетски фестивали низ светот. Автор е на многу написи и есеи од областа на литературата. Основач е на жирито за Наградата „Кемал Суреја“, член на жирито за Наградата „Балканика“ во 1997 година, член на Големата награда за поезија на Министерството за култура во 1998 година. Танјол бил и потпретседател на Друштвото на писатели на Турција во 1995-1996 година, и основач на поетскиот фестивал „Бејоглу“ во Истанбул.