Вадик Барон е роден во Москва, Русија во 1976 година. Како дете се преселил во Боливија, каде станал самоук уметник, и бил член на неколку уметнички групи поврзани со театарот, музиката и литературата. Тој, исто така, е композитор, пејач и гитарист. Како поет, објавил две книги Црвена тетратка (2002) и iPoem (2008). Соработувал со различни културни изданија во Латинска Америка. Учествувал на неколку поетски фестивали во Латинска Америка. Во 2009 година неговата книга Рокенрол и песни од иднината влегла во финалето на Националниот конкурс за поезија Јоланда Бедрегал (“Concurso Nacional de Poesía Yolanda Bedregal”), најпрестижното поетско натпреварување во Боливија.