Валериу Матеи е роден на 31 март 1959 година во Молдавија. Основно и средно училиште завршил во својот роден град, а високото образование го завршил во Молдавија како и на Универзитетот Ломоносов во Москва, каде дипломирал со највисоки почести. Неговото поетско деби се случува во 1980 година со објава на неколку поеми во списанија во Молдавија и Романија. Некои од попознатите книги со поеми му се: Сонот на волкот, Смртта на Зенон, Утро во големиот град. Освен поезија, пишува и проза и драма.
Добитник е на повеќе награди за литература во Молдавија и Романија. Неговите поеми се преведени на повеќе европски јазици. Член е на Романската академија од 2011 година.