Родена во 1977, поетеса и преведувач. Во 2002 била избрана за најдобар млад автор на фестивалот на млада литература, и оттогаш ги објавила своите песни во списанијата Банипал, Ментор, Литература, Содобност, Нова Ревија, Поетикон, Лирикон и Апокалипса. Во 2008 победила на поетскиот турнир во Марибор и на шесттиот “поетри слем” во Љубљана. Во септември 2008, нејзината прва збирка поезија, Rumeno Gori Grm Forzicij, била издадена од „Литература„ и ја добила наградата „Најдобра прва книга“ на 24от Словенски саем на книга. Како преведувач, има објавено песни и есеи на Луис Глук, Муриел Рукејсер, Денис Левертов и Урсула ле Квин, и ја ко-превела антологијата на ирска поезија на 20от век, „Чудесна уста“. Таа е основач на културното друштво Кентавер и ко-организатор на сериите месечни поетски читања и на фестивалот „Mlade Rime“. Моментално живее и работи во Љубљана. Нејзината друга професија е медицината.