Родена е во Скопје на 10. 11. 1952 г. Поет, раскажувач и преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во весникот Република, а од 1992 работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преведување и го препева финскиот еп Калевала, за што ја доби наградата за препев Григор Прличев (2000). Во своите стихови Ацевска се противставува на традицијата на женското пеење и на феминизираниот лиризам во кој доминира една исповедна и субјективна интонација. Дела: збирки поезија: Подготовки за претстава (1985), Карпа за скок (1991), Котва за Ное (1994) и Неред во огледалото 1996); романи: Лавиринт (1992), Рок видри (1993) и Скалила во зеленилото (1994).